Вилата „Alcano“ која се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили, на само дваесетина метри оддалеченост од вилата „Sole A Mare“. Со задоволство можеме да потврдиме дека за сезоната Лето 2020 ја имаме најдобрата понуда во Неос Мармарас која се однесува на изборот на вилите кои се издвојуваат со извонредната локација и со нивниот квалитет. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ вилата „Alcano“ е оддалечена околу 300 метри. Во приземјето на вилата се наоѓа најпознатиот ресторан за гиро во Неос Мармарас „Alcano“ (имајте предвид дека во овој ресторан се подготвува храна во текот на целиот ден, што подразбира голема френвенција на туристи пред вилата до полноќните часови). Располагаме со двокреветни и трокреветни студија на прв спрат кои имаат директен поглед на море, поглед на улица или во дворот на вилата. Сите сместувачки капацитети се опремени со модерен мебел, кујни, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Терасите се заштитени со тенди. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Напомена:

Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети. Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години.

Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман

(се плаќа во агенцијата)

– Цените во табелата се однесуваат за наем на студио / апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз

– Во студиата /апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

– Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

– Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

– Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари

– Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неос Мармарас

– Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

– Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра.