Вила Торони Апартментс е постар објект лоциран на сама плажа во Торони, место познато по прекрасната долга и широка песочна плажа, наградена со сино знаеменце заради својот квалитет и чистота. Вилата располага со убаво уреден двор, сопствен паркинг и скара. Во својот состав брои 12 сместувачки единици, студија за самопослужување од кои 6 се на прв кат, а6 се на втор. Секое од студијата е опремено соодвоена кујна со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот на собата, тоалет со туш, балкон, ТВ (рамен екран), клима (бесплатно), Wi-Fi интернет (бесплатно), брачен кревет и единечен кревет, во некој од студијата има можност за допoлнителен кревет на расклопување.Структурата на студијата е 8 соби со директен поглед кон море (STD SV), 2со страничен поглед кон море (STD SSV) и 2 студија се без балкон (STD ECO).

Забелешки: студијата се постари, опремени во традиционален грчки стил како и повеќето вили од пониска категоризација во Грција, предност е нејзината локацијата, поставена на сама плажа.

–7% за резервации со комплетни уплати до 30.04.2020, Early Booking

– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска против вредност 1€ = 62мкд.

– Цените кои не се означенисо (*) се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување плаќаат само превоз; –

-За користење на сопствен превоз се намалува – 10ЕУР од лице.

– Цените означени со (*) за 7 ноќи/8 дена, се дадени за наем на студио без вклучен превоз;

– Πрвите 2 и последните 2 смени се ПРОМО за нив не важи EARLY BOOKING попустот

НАПОМЕНИ:

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

– При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

– Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни

– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);

– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;

– Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;

– Автобусот г иостава/зема патниците на околу 100m од вилата.

– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;

– Доплата за превоз: 35€ завозрасни / 25€ за децадо 12 год. Децадо 2 год. – бесплатно (без седиште);

– Доплата за патничко осигурување