На околу 150 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос се наоѓа хотелот од апартмански тип „Lazaridis“ во кој располагаме со двокреветни и трокреветни студија (со помошен кревет на расклопување) на високо приземје, прв и втор спрат. Веќе неколку години гостите кои летуваат во овој комплекс се презадоволни од комплетната услуга. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со бојлери, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Апартхотелот „Lazaridis“ има рецепција, сеф, снек бар и прекрасна тераса која можат да ја користат гостите, а нуди и можност за хотелски појадок (со доплата на рецепција). До центарот на ова живописното приморско место имате десетина минути бавно пешачење, а доколку се одлучите да ги обиколите околните плажи, тогаш изборот задолжително нека биде на атрактивната плажа „Voulitsa“ која уште на првата средба ќе Ве остави без здив (се наоѓа во непосредна близина на хотелот). На 4,5 км. од хотелот пак се наоѓа фантастичната песочна плажа „Komitsa“, која токму заради својата раскошна убавина е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина.

Напомена: Во студијата 1/2+1 можат да се сместат макимално 3 лица-двајца возрасни и дете до 12 години. Во овие студија невозможно е да се сместат 4 лица-двајца возрасни и две деца без оглед на возраста на децата.

– Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз

– Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

– Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

– Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!

– Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Рода

– Тргнување од Скопје во 04.00 часот

– Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра

Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман се плаќа во агенција