Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики, на третиот крак Атос. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која има Сино Знаме за чистота. Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. На крајот од шеталиштето во Јерисос се наоѓа старата Ветерница во која е сместен Музејот на историја, а на самото шеталиште е големиот аквариум. Доколку сте љубители на мирот и спокојството, тогаш наша препорака е да ги посетите околните плажи Kakoudia и Ksiropotami.

Вилата „Evgenia“ се наоѓа на само 20 од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата, сите се комплетно нови, прва година се во употреба и имаат целосно нов мебел. Сите имаат комплетно опремени кујни со електрични шпорети со рерни и фрижидери со одделни комори за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената (петкреветните дуплекс апартмани имаат телевизори и клими во секоја спална соба). Сите сместувачки капацитети имаат по две тераси со поглед во дворот на вилата или со поглед на улица. Постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Во вилата е забрането внесување на домашни миленичиња.

Напомена: Апартманите се комплетно нови и ќе бидат прва сезона во употреба.

– Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз

– Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

– Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

– Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!

– Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Јерисос

– Тргнување од Скопје во 04.00 часот

– Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра

Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман

(се плаќа во агенцијата)