Маурициус е остров на југозападниот дел на Индискиот океан ,оддалечен на околу 855 км
источно од Мадагаскар и 2.000 км од источниот брег на Африка.Островот го открија во 1505
година за првапат Португалците,а првите колонизатори беа Холанѓаните,Французите владееа
во 18 век а Англичаните во 19 век.Независност стекнува во 1968 година а денес важи за
најразвиена Афричка земја.Маурициус завзема 1864 километри и со Реунион и Родригез
островите е дел на Маскаренските острови.Архипелагот е настанат од низа вулкански
ерупции,меѓутоа денес на овој дел не постојат повеќе активни ерупции.Главен град е Порт
Луис.Околу островот постои корален гребен кој го штити островот од големи бранови,и
придонесува секој престој ба биде пријатен и безбеден .Климата на островот е тропска со
суви и топли зиме(од мај до ноември)а влажни и топли во летниот период(ноември-
мај).

Островот е идеален за љубителите на песочни плажи,нуркачи,сурфери.....
Синонимот на овој остров е тропска вегетација,песочни плажи,густи шуми и спектакуларни
водопади.Северниот брег е најразвиен со најубавите области Grand Bay(Големиот залов) и
Perey bere, нуди одличен избор на хотели,барови и ресторани.Тука е сконцентриран и
најголем број на песочни плажи,како и атракцијата на аквариуми и големит нуркачки центар
“Blue water Diving Center” .
Најдобро време за посета од ноември до април.

Што да се посети:
Флик он Флак-главната улица се вика Royal Road,таму се наоѓаат
продавници,кафичи,ресторани.


Гран Бе (Grand Baie) се простира на 12 километри долж обалата,и центар е на ноќниот живот
како за локалното население така и за туристите


Треба да се посети главниот град Порт Луис-најголем на островот,градот Памплемус познат по
ботаничката градина,Le Morn-карпа висока 555 метри,на чие подножје се наоѓаат најубавите
плажи на островот.Големиот Базен(Grand Bassin илиi Ganga Talao)- таму се наоѓа голем храм со
статуа на богицата Шива висок 20 метри,и езеро во внатрешноста на кратерот за која вода се
верува дека е света.Тамарин водопадите –седум слапови паѓаат од 97 метри висина и најдолу
формираат езерце во кое можете да се бањате.Шамарел-висоравнина на 400 метри
надморска височина од каде може да се набљудуваат Шамарел водопадите.


Хотели:
Coin de Mire Attitude 3 * цена од 43 еур
Шармантен и негуван хотелски комплекс,со пријатна атмосфера.Се наоѓа на северниот брег,4
километри од Grand Baie.До плажа го дели улица.
Повеќе информации на : http://coindemire-hotel-mauritius.com/?src=af
 

Recif Attitude 3 * цена од 53 еур
Се наоѓа на северозападната страна со преубав поглед на заливот во близина на Grand
Baie.Пријатен и шармантен хотелски комплекс наменет само за постари од 18 години
Повеќе информации на : http://recif-hotel-mauritius.com/?src=af
 

Beachcomber Le Mauricia 4 * цена од 80 еур
Убаво уреден хотел ,пријатен и идеален за активен и воедно опуштен одмор.Се наоѓа
на северозападниот грег во близина на Grand Baie.
Повеќе информации на : http://www.beachcomber-hotels.com/rooms-and-rates/le-mauricia
 

LUX Grand Gaube 5 * цена од 82 еур
Се наоѓа на преубав залив на североисток од островот.Простран ресорт со пријатна
атмосфера.
Повеќе информации на : http://www.luxresorts.com/en/hotel-mauritius/luxgrandgaube
 

Beachcomber Shandrani Resort 5 * цена од 103 еур
Простран ресорт со голема приемна сала или лоби,опкружен со преубава тропска
градина,располага со 3 песочни плажи и нуди најдобри услови за различни спортови
на вода.
Повеќе информации на : http://www.beachcomber-hotels.com/video-gallery/shandrani-resort-spa
 

Sofitel Imperijal & Spa 5 * цена од 152 еур
Се наоѓа на западниот брег,излегува директно на долга песочна плажа со бел
песок.Изграден во дискретен азиски стил.Лобито отворено со поглед на Индискиот
океан.
Повеќе информации на : http://www.sofitel.com/gb/hotel-1144-sofitel-mauritius-l-imperial-resortspa/index.shtml

Програма на патување:
Прв ден:Скопје-Истанбул-Маурициус со Туркиш
Втор до последен ден:престој во избран хотел
Последен ден:Маурициус-Истанбул-Скопје со Туркиш
Цена на авионскиот билет: во тотал со аеродромски такси 865 еур
Виза и вакцини не се потребни,пасошот треба да е минимум валиден 60 дена од денот на
враќање во државата.
Напомена:Цената зависи од периодот на патување и од слободни места.