Нашата агенција може да Ви понуди одмор СПОРЕД ВАША МЕРКА(временска,локациска и
финансиска!!)како и квалитетни информацијии во врска најразлични податоци кои што ги
опфаќаат сите битни совети и препораки...

Овие острови преставуваат симбол на мирот и спокојот.Сејшелите го чинат архипелаг од 155
острови во Индискиот океан,од кои 42 острови се гранитни (Махе,Праслин,Ла
Дига,Силует,Северно острово) додека останатите се корални. Главното острово е Махе,каде
што се наоѓа главниот град Викторија со 30 000 жители.Беше Француска колонија од 1756
година за да покасно постанат колонија на Англичаните се до 1976 година кога и добиваат
независност .Жотелите потекнуваат најмногу од Африканското поднебје кои покасно се
мешаат со Азијатите,Индијците,Французите,Англичаните ,Арапите и други.Званичен јазиј е
францускиот и англискиот а се зборува и домицилниот (креолски јазик-мешавина од повеќе
јазици).


Туристичката сезона трае преку целата година и средната температура изнесува околу 27
степени.Најтоплите месеци се март,април и мај тогаш температурата достигнува до 31
степен.Најдождливи месеци се декември,јануари и февруари,а најсуви јуни,јули и август.
Традиционалната Сејшелска кујна се состои од некоја врста на различни
кујни:француска,индиска,англиска и афричка.Најмногу се јаде риба и морски плодови,тропско
овошје,а како прилог најмногу се користи оризот.Најпознат специјалитет е Тек Тек,супа од
школки,варени со тиква.Многу јадења се приготвуваат со кокосово млеко ,а од зачините се
користи најмногу кари,темјан и шафран.Од овошје најмногу има
кокос,папаја,манго,банани,ананас,карамбола(овошје во облик на ѕвезда) и многу други


Хотели:
BERJAYA BEAU VALLON BAY 3 * цена од 72 еур

Хотелот се наоѓа на северозападниот дел на островот Махе,на камено-песоклива плажа во
Beau Vallon.Оддалечен 15 километри од аеродромот и 5 километри од главниот град
Викторија.Располага со околу 230 соби распоредени во главната зграда и повеќето хотелски
бунгалови.Секоја соба со купатило,клима,ТВ,телефон,мини фрижидер,апарат за припрема на
кафе и чај,сеф,фен за коса.
Повеќе информации на : www.berjayahotel.com
 

CORAL STRAND SMART CHOICE 4 * цена од 125 еур
Сместен на познатата плажа Beau Vallon.Аеродромот е само на 20 минути од
аеродромот на Махе,а главниот град е само на 10 минути ако патувате со
автомобил.Песочната плажа е на само неколку метри од хотелот каде што
клиентитеможат да вежбаат нуркање или едрење.
Повеќе информации на : www.coralstrand.com
 

DOUBLE TREE BY HILTON SEYCHELLES ALLAMANDA RESORT & SPA 5* цена од 185 еур
Идиличен хотел и се наоѓа на југоисток од островот,на мирна локација,на еден
прекрасен залив,модерно дизајниран со весели боји.Има своја приватна плажа и
инфинити базен со поглед на океанот.Покрај останатите услуги има и Спа центар како
и можност за спортување на вода.
Повеќе информации на : www.doubletree3.hilton.com
 

Програма на патување
-------------------------------

Првиот ден: Скопје-Истанбул-Махе се патува со Туркиш Ерлајнс
Втор до последен ден:Престој во избран хотел
Последниот ден:Махе-Истанбул-Скопје
Цена на авионскиот билет: во тотал со аеродромска такса 799 еур
Напомена:Цената на авионскиот билет зависи од местат кои се на располагање како и од
сезоната на патување.