ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ:
Државата Куба се наоѓа на најголемиот остров на Карипското Море,како и на помали
островчиња кои се во непосредна близина,освен заливот Гуантанамо.Куба е шеснаесетиот
остров по големина во целиот свет. Најголем дел од островот е рамница,но има во
југоисточниот дел и планини со највисок врв Пико Реал де Туркино,висок 2.005 метри.Должина
на брегот изнесува 3.740 километри.Хавана е главниот град .Архитектурата датира од
периодот на колонизација ,плоштадите,улиците,продавниците,катедралите,парковите...се во
Хавана е поразлично од она што досега сме го виделе.Посебно внимание привлекува Стариот
град кој е под заштита на UNESCO. Варадеро е главниот туристички град во Куба,се наоѓа на
140 километри од источно од Хавана на полуостровот Хикакос.На посетителите им нуди 20
километри најубави песочни плажи.


КЛИМА
Климата е тропска и одлична за одгледување на шекерна трска.Сушната сезона почнува од
Ноември и трае до Април,а влажната од Мај до Октомври,со средна годишна температура од
25 степени.Во август,септември о октомври можно е повремено да се јавуваат урагани.Висока
туристичка сезона во Куба е во период од декември до април.


КУБА Е ПОЗНАТА ПО:
-Цигарите односно пурите од кои се издвојуваат брендовите Хавана,Монте Кристо,Кохиба
Партага.
-Румот,од кои најпознати се Клуб Хавана,и се произведува од со ферментација од сирупот од
шеќерна трска.
-Кубанската музика и ритам кои се производ од мешавина на многу музишки
жанрови,афрички,шпански и латиноамерички,како на пример,мамбо,конга,румба,ча-ча-
ла,нуева трова,хабанера и многу други...
-Старите амерички автомобили(нарочито Шевролет) забрането е да се извезуваат.


АТРАКЦИИ НА ОСТРОВОТ:
Баракоа-за љубителите на природа
Заливот на свињите-Музеј на плажа Гирон(Плажата Гирон)
Капитолио-во центарот на Хавана
Кастиљо де ла Реал Фуерца-замок и музеј за бродоградба
Музејот на Револуцијата-Хавана
Кајо Ларго-најубавата плажа на која се доаѓа само со авион
Санта Клара-музеј,споменик и мавзолеј на Че Гевара
Виза за влез во Куба е потребна и се плаќа на излез од Куба,чини од 15-25 еур.
Валута е кубански пезос CUP или кубански конвертибилен пезос CUC-го користат само
туристите


ХОТЕЛИ:
Iberostar Parque Central-Хавана
Елегантен хотел со 5 * со 427 соби,се наоѓа во центарот на Хавана ,на многу добра локација за
оние кои сакаат да ги видат сите знаменитости на градот.На своите гости нуди 3 ресторани,4
бара,2 базени со џакузи на најгорната тераса од хотелот.Појадокот е шведска маса.
Цена по лице 85 еур /ноќевање со појадок


Melia Las Antillas 4 *-Варадеро
Хотелот прима гости само над 16 години.Хотелскиот ресорт се наоѓа во многу голема градина
со егзотична тропска вегетација,располага со 350 соби.
Цена од 75 еур по лице на ден,услуга СЕ ВКЛУЧЕНО


Ocean Varadero El Patriarca 4 *+-Варадеро
Лоциран на многу убава плажа во Варадеро , опкружен со широки градини,овој хотел нуди
спокоен одмор.
Цена од 79 еур на ден по лице услуга СЕ ВКЛУЧЕНО


Melia Peninsula Varadero 4 * + Варадеро
Директно излегува на песочна плажа,на 15 километри од центарот на
Варадеро.Модерен хотел кој се препорачува на семејства.
Цена од 98 еур на ден по лице услуга СЕ ВКЛУЧЕНО


Ocean Vista Azul Hotel 5 *-Варадеро
Нов и одличен ресорт кој се наоѓа на две преубави плажи со префинет ситен
песок.Инфинити базенот е со поглед на Карипското море.Опкружен со богата тропска
вегетација а она што го краси се и ултра модерно опремени соби.
Цена од 155 еур на ден по лице услуга СЕ ВКЛУЧЕНО


Paradisus Princesa Del Mar Resort 5 *
Префинет ,луксузен хотел со услуга на многу високо ниво.Опуштената
атмосвера,спектакуларниот поглед,приватноста но и забавата ,романтичната
атмосвера тое се тие елементи сто го красат овој хотел и прават да биде единствен...
Цена од 166 еур на ден по лице услуга СЕ ВКЛУЧЕНО


Програма на патување:
- Прв ден: Скопје-Истанбул-Хавана со Туркиш Ерлајн преку Истанбул
- Втор до последен ден: престој во избран хотел
- Последен ден: Хавана-Истанбул-Скопје со Туркиш Ерлајн преку Истанбул
- Цена на авионскиот билет: во тотал со аеродромски такси 1,036 еур
- Во можност сме да организираме и повратен превоз од аеродром до хотелите
Цената зависи од период на патување и слободни места .